Политика за приватност

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА АКЦЕНТ ДООЕЛ

Политиката за приватност на Акцент ДООЕЛ е насочена кон посветеност на заштитата на приватноста и интегритетот на личните податоци na корисниците со кои доаѓа во контакт при користење на официјалната веб страна (www.accent.mk).

Приватноста на посетителите целосно се почитува за време на посетата на нашата интернет страна. Компанијата не собира лични податоци за корисниците на веб страната на Акцент, освен доколку ни испратат електронска порака во која своеволно ќе ги испратат своите лични податоци (име, презиме, контакт информации).

Личните податоци на посетителите на официјалната интернет страна на Акцент кои се добиени заради процесирање на барања и поставени прашања се достапни само на вработените во Акцент ДООЕЛ кои се законски обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

Акцент ДООЕЛ не собира лични податоци од чуствителна природа, и затоа ве молиме да не испраќате лични податоци кои се од чувствителна природа преку e-пошта.

При посетата на веб страната на Акцент, секој корисник пристапува со одредена IP (интернет протокол) адреса која е различна за секој компјутер и се доделува од страна на интернет провајдерите.

Според Законот за заштита на личните податоци, IP адресата се смета за личен податок и се штити со закон, иако самата не е доволна за да се открие идентитетот на корисникот. Но, во соработка со интернет провајдерите, возможно е да се открие за кое лице – корисник на одредена IP адреса станува збор. Акцент ДООЕЛ не собира податоци за IP адреси и не соработува со итернет провајдери со цел да добие податоци за корисниците, освен доколку се направи обид за неоавторизиран и неовластен упад на страната на Акцент, со цел да се предизвика штета по угледот или интегритетот на податоците на компанијата. Само во овој случај (од безбедносни причини), Акцент ДООЕЛ го задржува правото да ги користи IP адресите за посетите на веб страната со цел да се покрене истражна постапка од овластен државен орган и да се открие идентитетот на неовластениот напаѓач.

Нашите сервери автоматски ги евидентираат информациите за посетите на нашата интернет страна и при пополнување на анкетата на Акцент ДООЕЛ. Овие евиденции се статистички показатели кои ги користиме заради подобрување на страната, и за мерење на задоволството на купувачите, со цел да ги подобриме нашите услуги и производи. Податоците добиени при вашата посета на нашата веб страна не ги користиме за идентификување на одредени лица.

Сигурност

Акцент ДООЕЛ ги презема сите пропишани законски, оперативни, технички и физички мерки за заштита на вашите лични податоци, со цел да се спречи злоупотреба, загуба, уништување, неавторизирана промена или неавторизиран пристап до податоците со кои располага. Политиката за приватност на Акцент ДООЕЛ редовно се мониторирира и повремено се ажурира. Доколку имате прашања во врска со оваа Политика и за сите прашања поврзани со вашите лични податоци кои се управуваат согласно оваа политика, ве молиме контактирајте не на: info@accent.mk или директно на Акцент ДООЕЛ, Ул.Орце Николов 133 Д-3 Скопје.