Кога се зборува за е-фактура, често се појавуваат: страв, претпоставки и полуинформации.
Во овој текст ќе се задржиме на реалното влијание на е-фактурата, ќе ги расчистиме најчестите заблуди, и ќе објасниме што значи ова за малите фирми и сметководителите.
Најчести заблуди околу е-фактурата
Една од причините зошто е-фактурата создава отпор е дезинформацијата. Еве неколку чести заблуди:
• „Ќе морам веднаш да менувам сè“
Не. Воведувањето е постепено и има време за адаптација.
• „Ова е премногу комплицирано за мала фирма“
Денешните софтверски решенија се токму наменети да ја поедностават работата, не да ја усложнат.
• „Ќе имам повеќе обврски“
Во пракса, многу рачни чекори се намалуваат или исчезнуваат.
Кои фирми мора да користат е-фактура?
Обврската за користење на е-фактура не се воведува одеднаш и не е иста за сите фирми.
Воопшто земено, е-фактурата ги засега фирмите што:
• издаваат фактури кон други правни и физички лица;
• соработуваат со институции или други фирми ( добавувачи).
Како е-фактурата ќе влијае на малите фирми?
За малите фирми, секоја промена изгледа поголема отколку што навистина е. Но, освен промените во работењето важно е да се напомене дека воведувањето на е-фактурата носи и многу бенефити и тоа:
– Е-фактурите заменуваат хартија со структурирани електронски податоци со автоматска обработка и помалку грешки.
– Намалуваат трошоци за печатење, пошта и архивирање.
– Ги прават плаќањата побрзи и го намалуваат административното време.
Најголемиот предизвик не е самата е-фактура, туку стравот од непознатото. Затоа е важно, кога се носи одлука за софтверско решение кое ќе го олесни процесот на имплементација на е-фактура, фирмите да имаат јасни информации и соодветна поддршка.
Подготовката не значи веднаш имплементација, туку јасно разбирање на обврските.
Што значи е-фактурата за сметководителите?
Постои и погрешна перцепција дека е-фактурата ќе ја намали улогата на сметководителите. Реалноста е спротивна.
Со е-фактурата:
• сметководителите добиваат поквалитетни податоци;
• се намалуваат техничките грешки;
• фокусот се префрла од внесување на податоци кон советодавна улога.
Сметководителите стануваат уште поважен партнер за бизнисите, особено во период на промени.
Реални очекувања
Е-фактурата не е магично решение, но:
• не е ни закана;
• не е ни нешто што треба да се одложува до последен момент.
Со правилна подготовка и соодветни алатки, транзицијата може да биде мирна, контролирана и без стрес.
Доколку сакате навремено и мирно да се информирате што значи е-фактурата за вашето работење, разговарајте со нас и информирајте се што значи е-фактурата за вашиот бизнис.
