Еден софтвер. Цел процес.
Од креирање и проверка, до испраќање и прием на е-Фактури. Целиот процес се одвива во софтверот во кој работите.
Без дополнителни платформи. Без префрлање од систем во систем.
Од креирање до евиденција.
Пет чекори — сите во вашиот софтвер.
Направено за полесно работење.
Не избирате само решение за е-Фактура. Избирате софтвер што го поедноставува целиот процес и ја поврзува е-Фактурата со вашето секојдневно работење.
Автоматско ажурирање на податоците
Работете со податоци кои автоматски се ажурираат и синхронизираат преку софтвер — доволно е да се внесе само даночен број на купувач.
Проверка пред испраќање
Софтверот ги проверува податоците пред испраќање и веднаш ги прикажува евентуалните несогласувања.
Испрати со еден клик
Испратете е-фактура директно од документ или одберете групно праќање преку извештај.
Секогаш јасен статус
Статус на испратени, примени, одбиени и сторнирани е-Фактури се следи директно во софтверот.
Интегрирано работење
Е-Фактурата е директно поврзана со останатите процеси во вашиот софтвер.
Решение што расте со бизнисот
Од фактурирање до целосно ERP работење — систем што ги следи потребите на компанијата.
Подготвени за следниот чекор?
Вашето софтверско решение од Акцент е подготвено за е-Фактура.
Проверете што е потребно за активирање и продолжете да работите во системот што веќе го познавате.
- Активирање во постоечкиот софтвер
- Без нови платформи и без миграција
- Ист начин на работа, нова функционалност
Изберете софтверско решение што го поврзува целото работење.
Изберете софтверско решение од Акцент што не ја решава само е-Фактурата, туку го поврзува и останатото работење на вашиот бизнис.
- Од фактурирање до целосно ERP работење
- е-Фактура вградена од самиот почеток
- Локална поддршка и обука
ЗА КОМПАНИИ ШТО КОРИСТАТ ДРУГ ERP-СИСТЕМ
Веќе користите ERP-систем?
Не мора да го менувате.
Поврзете го со е-Фактура.
Вашиот ERP-систем останува, а нашето интеграциско решение го подготвува за електронско фактурирање.
ERP-системот што го користите
Истиот систем, истите процеси и истите податоци.
Интеграциско решение од Акцент
Решение што ги презема податоците од вашиот ERP-систем и ги подготвува за електронско фактурирање.
Е-фактурирање усогласено со законските барања
Фактурите се издаваат и разменуваат во согласност со важечките законски барања.
Проверено знаење. Сигурно решение. Поддршка што останува.
Повеќе од 30 години, Акцент развива деловни софтверски решенија за македонските компании. Го познаваме вашето работење, ги разбираме процесите и знаеме колку е важна сигурноста кога се воведува нешто ново.
е-Фактурата е обврска.
Како ќе ја имплементирате е Ваша деловна одлука.
Акцент е изведувач на националниот проект е-Фактура и повеќе од 30 години развива деловни софтверски решенија за македонските компании. Направете го преминот кон е-Фактура сигурно — со партнер што го познава патот.
