Во последниов период, терминот е-Фактура сè почесто се спомнува, но за многу фирми сè уште не е јасно што точно значи и што реално ќе се промени во секојдневното работење.
Овој текст има една цел: јасно да објасни што е е-Фактура, зошто се воведува и кои компании ќе бидат засегнати. Да даде јасна слика, без комплицирани термини и без шпекулации.
Што е е-Фактура?
Е-Фактура во суштина значи дека издавањето, преносот и чувањето на фактурите се одвива електронски, во стандарден формат и во реално време, преку државна платформа. Нема хартиени фактури, нема физичко носење документи до сметководител, нема рачно препишување на податоци. Секоја фактура поминува низ централен канал, а податоците истовремено стануваат достапни за УЈП.
Е-Фактурата е електронски документ кој ја заменува класичната хартиена фактура. Е-Фактурата е електронска фактура со стандарден, структуриран формат, која:
• не е обичен PDF документ, тоа е документ со стандарден формат;
• не се испраќа само по меил, туку се разменува преку централен систем.
Со други зборови, е-Фактурата е дел од поширок процес на дигитализација на деловните процеси, со цел:
• поголема точност;
• помалку грешки;
• подобра контрола;
• поедноставена администрација.
Зошто се воведува е-Фактура?
Воведувањето на е-Фактурата не е изолиран чекор. Тоа е тренд што веќе со години постои во светот, Европа и регионот.
Целта не е да се комплицира работата на фирмите, туку:
да се намали сивата економија;
да се поедностави размената на документи;
да се зголеми транспарентноста;
да се скрати времето за обработка на фактури.
Е-Фактурата не е тука за да го отежни работењето, туку постепено да го направи поедноставно и поуредено.
Кога започнува имплемантацијата на е-Фактура?
Имплементацијата на е-Фактурата се очекува да оди постепено, во фази:
• подготвителен период;
• тестирање и прилагодување;
• постепено воведување во пракса.
Токму затоа овој период е најважен, не за паника, туку за информирање и подготовка.
Кој е вклучен во процесот?
Е-фактурата директно ги засега:
• фирмите што издаваат и примаат фактури;
• сметководителите;
• софтверските системи што ги поддржуваат тие процеси.
Она што е сигурно е дека со текот на времето, сè поголем број компании ќе бидат опфатени. Затоа, дури и ако денес не сте директно засегнати, информирањето и подготовката се паметен чекор.
Каква промена е ова за фирмите?
Најголемата промена не е „издавањето фактура“, туку начинот на кој податоците се креираат и се движат.
За фирмите што веќе работат организирано, односно користат софтверско решение, ова нема да биде драстична промена.
За оние што сè уште имаат рачни процеси, ќе биде сигнал за подобрување.
Најдобри резултати имаат фирмите коишто од самиот почеток:
• се консултираат со својот сметководител;
• ги анализираат постоечките процеси;
• и навреме планираат промени.
Доколку сакате навремено и мирно да се информирате што значи е-Фактура за вашето работење, разговарајте со нас и информирајте се што значи е-Фактура за вашиот бизнис.
