Бараме Junior, Medior или Senior систем администратори
Posted by Ana Gerasimovska
Во потрага сме по кандидати кои се одговорни, посветени на работата, спремни за нови предизвици и лесно прилагодливи. Добри комуникациски вештини и тимска работа, како и способност за брзо прилагодување и решавање на основни технички предизвици, се особено важни квалитети кои ги цениме. Имаме потреба од Junior, Medior или Senior систем администратори кои имаат желба да растат и да се развиваат заедно со нашиот тим.
Доколку сакате да бидете дел од професионалниот тим на Акцент во Скопје и ги исполнувaте следниве услови, испратeте ни го Вашето CV.
Основни квалификации :
- ВСС (апликацијата ќе биде прифатена и доколку студиите се во тек) или соодветно искуство во систем администрација
- Искуство со ИТ вештини од областа на системска и мрежна администрација (над 3 години ќе се земе за предност)
- Желба за учење и развивање на вештини во ИТ администрација
- Возачка дозвола ‘Б’ категорија
- Познавање на англиски јазик
- Учење и примена на основни политики за ИТ сигурност
Минимални познавања:
- Основно познавање на оперативни системи (Linux и Windows), компјутерски мрежи (TCP/IP) и ИТ алатки
- Помош при инсталирање, конфигурирање и одржување на хардвер и софтвер.
- Поддршка на корисници за основни технички проблеми (troubleshooting).
- Конфигурирање и одржување на MS Windows
- Администрирање на Samba AD Domain Controller
Пожелни познавања:
- Проектирање, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура
- Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
- Конфигурирање и администрирање на мрежна инфраструктура;
- Администрирање на регуларни резервни копии (бекап);
- Документирање на техничките процеси и одржување на базата со податоци
- Следење на сигурност на мрежна инфраструктура и превенција од неовластен пристап;
- Конфигурирање и одржување на Linux OS, MySQL и Tomcat (ќе се земе за предност)
- Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина (пр. KVM);
- Изготвување на техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација
Ве молиме испратете е-маил со Вашето CV на contact@accent.mk со назнака за која позиција аплицирате. Или пополнете ја контакт формата во продолжение.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Почетната плата ќе биде соодветна на завршеното образование, досегашното работно искуство и завршените обуки.
Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани во рок од една година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, со обраќање на електронската пошта наведена во огласот.
Рок за пријавување до 15.07.2026
Форма за аплицирање
