Решението не е уште еден човек плус – туку еден систем што работи за сите

Кога производството расте, расте и хаосот.
Повеќе производи, повеќе добавувачи, повеќе суровини – и одеднаш, табелите стануваат пресложени.

Најчесто се случува едно од следниве:

  • не знаеш што е на лагер, а што се троши

  • некој направил грешка со пресметка на материјал

  • има доцнење во испорака, а не знаеш зошто

  • производството оди, ама ти немаш увид што се случува

Тоа не е поради неспособност – туку поради недостиг на систем што ќе поврзе сè.

Конкретната болка:

„Не знам со сигурност што точно е произведено, колку материјал имаме, и што ќе ни треба за следната серија.“

Ова е типична болка за средни производствени фирми кои имаат:

  • 3+ производни линии

  • повеќе добавувачи

  • сеуште „рачно“ водење на залихи

  • зависност од еден човек за да каже „што има“

Како Collab го решава ова:

1. Прегледен систем за рецептури и норми.
Секој производ си има нормативи. Collab автоматски знае што и колку ти треба за производство и колку ти останува на залиха.

2. Залиха во реално време.
Нема претпоставки – точно знаеш што имаш, на кое место, и кога ќе снема.

3. Следење на потрошувачка по производ/нарачка.
Сè е поврзано: што е нарачано, што е потрошено, и што е испорачано.

4. Контрола врз доцнења и трошоци.
Ако нешто доцни – знаеш зошто. Ако нешто чини повеќе – знаеш од каде.

 

Заклучок:

Не чекај да „пукне“ нешто во производството за да воведеш ERP.
Решението не е уште еден човек плус – туку еден систем што работи за сите.

Collab не го усложнува производството.
Collab го прави прегледно.