Решението не е уште еден човек плус – туку еден систем што работи за сите
Како што производството расте, така стануваат посложени и процесите што треба да се следат и контролираат.
Повеќе производи, повеќе добавувачи, повеќе суровини – и сè потешко е сите информации да се следат и поврзат на едно место.
Најчесто се случува едно од следниве:
не знаеш што е на лагер, а што се троши
некој направил грешка со пресметка на материјал
има доцнење во испорака, а не знаеш зошто
производството оди, ама ти немаш увид што се случува
Проблемот најчесто не е во луѓето, туку во недостигот на систем што ќе ги поврзе процесите и информациите.
Каде најчесто се губи контролата?
„Не знам со сигурност што точно е произведено, колку материјал имаме, и што ќе ни треба за следната серија.“
Ова е чест предизвик за средни производствени компании кои имаат:
3+ производни линии
повеќе добавувачи
сеуште „рачно“ водење на залихи
зависност од еден човек за да каже „што има“
Како ERP за производство помага да се задржи контролата?
1. Прегледен систем за рецептури и норми.
За секој производ се дефинираат нормативи, а Collab овозможува прецизен преглед на потребните материјали за производство и нивната расположливост на залиха.
2. Залиха во реално време.
Нема претпоставки – имаш јасен увид што има на залиха, на која локација и во која количина.
3. Следење на потрошувачка по производ/нарачка.
Податоците се поврзани – од нарачаните материјали и реалната потрошувачка, до произведените и испорачаните количини.
4. Контрола врз доцнења и трошоци.
Податоците овозможуваат полесно да се открие каде настанува доцнење и кои фактори влијаат врз зголемувањето на трошоците.
Заклучок:
Контролата во производството не треба да започне дури кога процесите ќе станат премногу сложени. ERP овозможува навреме да се поврзат информациите, залихите, материјалите и трошоците во еден систем.
Решението не е уште еден човек плус, туку систем што им дава на сите јасен и навремен увид во производството.
Со Collab, сложеното производство станува попрегледно, поврзано и полесно за управување.
