е-Фактурата доаѓа како нова обврска за компаниите. Но ако ја гледаме само како нов начин на кој треба да се креира, испрати или прими една фактура, ја гледаме само најмалата слика.

Затоа, изборот на софтвер за е-Фактура не треба да се сведе само на прашањето како ќе ја испратите или примите фактурата.

Фактурата никогаш не била изолиран документ.

Зад неа има продажба или набавка. Производ или услуга. Купувач или добавувач. Залиха. Цена. Побарување или обврска. Наплата. Книжење. Извештаи. Податоци врз основа на кои утре треба да се донесе деловна одлука.

Затоа и е-Фактурата не треба да се решава како изолиран процес.

Сега е моментот да погледнете подалеку од законската обврска

Ова треба да биде моментот кога компаниите нема само да исполнат уште една законска обврска, туку ќе го преиспитаат начинот на кој работат.

Каде сè уште се внесуваат исти податоци повеќепати?
Кои информации се наоѓаат во различни програми, табели и документи?
Колку време е потребно за да се добие точна слика за залихите, побарувањата, обврските или ликвидноста?
И колку од секојдневната работа зависи од рачни проверки и пренесување информации од едно место на друго?

е-Фактурата е повод овие прашања конечно да се постават.

Не за компанијата само да биде усогласена со новиот начин на фактурирање, туку за да работи подобро.

Една фактура. Многу деловни процеси.

Продажба, набавки, залихи, финансии, побарувања, обврски, извештаи.

Фактурата е поврзана со сите нив.

Кога е-Фактурата е дел од истиот деловен систем, информацијата не завршува со притискање „Испрати“. Таа продолжува таму каде што му е потребна на бизнисот.

Токму тука е разликата меѓу алатка што решава една задача и деловен софтвер што поврзува цел процес.

Компаниите денес не треба да размислуваат само како ќе испратат е-Фактура.

Треба да размислуваат како податокот што веќе го имаат да го искористат без непотребно повторување, како процесите да ги поврзат и како во секој момент да имаат подобра слика за сопственото работење. И на крајот како да постигнат подобар резултат од целиот труд кој го вложуваат во својот бизнис.

Деловниот софтвер се гради во реален бизнис

Добриот деловен софтвер не настанува само со додавање функционалности.

Тој созрева со компаниите што го користат.

Со нивниот раст, со новите локации и поголемиот обем на работа, со промените во прописите, со периодите кога пазарот расте и со оние кога секој трошок е важен. Со новите вработени, новите процеси и илјадниците реални ситуации што не можат однапред да се предвидат.

Токму низ таквата секојдневна употреба софтверот учи што навистина му е потребно на еден бизнис.

Повеќе од 30 години, софтверските решенија на Акцент се развиваат токму во такви услови, заедно со реалните потреби на македонските компании.

Затоа за нас е-Фактурата не е нова, издвоена алатка што треба да се додаде на нивното работење.

Не направивме софтвер за е-Фактура.
Ја вградивме е-Фактурата во софтвер за бизнис.

Еден софтвер. Цел процес.

Креирање, проверка, испраќање и примање е-Фактури се дел од софтверските решенија на Акцент, поврзани со останатите процеси што компанијата ги користи во секојдневното работење.

Без уште една изолирана алатка. Без непотребно префрлање на податоци од едно место на друго. Со информации што остануваат таму каде што треба да бидат, во системот преку кој го управувате бизнисот.

А кога процесите се поврзани, и секојдневната работа станува поедноставна. Податокот се внесува таму каде што настанува и продолжува низ системот без повторно внесување и непотребни дополнителни чекори. Вие работите во еден софтвер, а информациите се поврзуваат низ целиот процес.

Затоа што целта не треба да биде само да имате софтвер со кој ќе ја исполните обврската за е-Фактура.

Целта треба да биде да имате систем со кој ќе работите подобро.

е-Фактурата е промената што доаѓа.

Сега е моментот да го подготвите бизнисот за она што следува.