Зошто е потребен софтвер и како да го одберете вистинскиот?
Posted by Ana Gerasimovska
Во секој бизнис, без разлика дали станува збор за продавница, дистрибуција или услужна дејност, секојдневно се случуваат десетици процеси: продажба, фактурирање, следење на залихи, наплата, контрола на трошоци.
Кога овие процеси се водат рачно или преку повеќе неповрзани алатки, работата станува побавна, потешка за контрола и постои ризик за грешки.
Софтверот не е само алатка, тој е начин да се воведе ред, прегледност и контрола во работењето.
1. Помалку рачна работа
Рачното внесување податоци одзема време и носи ризик од грешки. Со софтвер, голем дел од процесите се автоматизираат, од продажба до издавање фактури.
Тоа значи помалку време на административни задачи, а повеќе време за она што навистина носи вредност – клиентите и развојот на бизнисот.
2. Точни информации во секој момент
Колку имате на залиха? Кои производи се најпродавани? Каде губите пари?
Без систем, овие информации тешко може да ги добиете. Со софтвер, податоците се достапни веднаш, јасно, прегледно и без претпоставки.
3. Подобра контрола и помал ризик
Грешки во фактури, неусогласени залихи, пропуштени наплати, сите овие ситуации се реалност кога нема централизирано решение.
Софтверот овозможува подобра контрола на процесите и значително го намалува ризикот од вакви проблеми.
4. Полесно усогласување со законски обврски
Дигитализацијата не е повеќе избор, туку потреба. Особено во делот на фактурирање и финансиско работење.
Со користење на софтвер, бизнисот полесно се прилагодува на новите регулативи и избегнува непотребни компликации.
5. Основа за раст
Бизнисот што се води рачно има граница. Во одреден момент, обемот на работа станува преголем за да се контролира без систем.
Софтверот поставува основа за раст без хаос, без губење контрола и без зависност од „сè да се памети“.
Софтверот не е трошок туку инвестиција за поорганизирано, поефикасно и посигурно работење.
Како да го изберете вистинското решение за вашиот бизнис?
Изборот на софтвер не треба да биде сложен процес. Најважно е да се тргне од реалните потреби на бизнисот, а не од функциите што звучат добро.
Во продолжение се неколку насоки што ќе ви помогнат да донесете правилна одлука.
1. Како изгледа вашето секојдневно работење?
Започнете со едноставно прашање:
Како работите денес?
• Дали издавате фактури рачно?
• Дали користите Excel или едноставен софтвер?
• Дали имате продажба на терен?
• Дали работите со голем број документи?
• Дали имате една или повеќе продажни локации
Разбирањето на моменталната состојба е основа за секој следен чекор. Секој одговор ќе ви даде логично објаснување каков софтвер ви е потребен.
2. Кој е вашиот најголем проблем?
Наместо да барате „најдобар софтвер“, откријте што најмногу ви одзема време или ви претставува проблем.
• рачно фактурирање;
• задоцнети информации;
• неусогласени податоци;
• губење документи;
• слаба координација помеѓу тимови.
Секој бизнис се соочува со индивидуални проблеми и предизвици. Обидете се да ги лоцирате кои се вашите најголеми проблеми во текот на работењето, токму тие ќе ве адресираат до соодветниот софтвер.
3. Какво решение ви е потребно едноставно или системско решение?
Не секој бизнис има потреба од комплексен систем. Во пракса:
• Ако имате продажба на терен и ви треба мобилност
mCollab овозможува работа во реално време.
• Ако работите со многу документи и информации
CollabBox носи ред и контрола.
• Ако сакате целосно поврзување на сите процеси
Collab ERP е долгорочно решение.
• Ако сакате да ставите ред на бензиската пумпа
Vertico е иделаното решение.
• Ако имате хотел или апартман
epHotel е софтвер кој ќе ја зголеми удобноста во работата.
Важно е решението да одговара на вашата моментална фаза.
4. Дали решението може да расте со вас?
Една од најчестите грешки е избор на решение што функционира денес, но не поддржува раст. Размислете:
• дали ќе имате повеќе клиенти?
• повеќе вработени?
• посложени процеси?
Решението треба да ви овозможи надградба без комплетна промена. Многумина кога го бираат софтверот за „сега“, не помислуваат на периодот кој следи. Секогаш земете во предвид дека со раст на вашиот бизнис треба и софтверот да има можност да се надгради, во споротивно повторно би требало да купите нов софтвер.
Не сте сигурни што ви е потребно?
Ако не сте сигурни кое решение е најсоодветно за вашиот бизнис, контактирајте нè за кратка консултација.
Ќе ви помогнеме да ја разберете вашата состојба и да го направите следниот чекор без притисок и без обврска.
