Политиката за приватност на Акцент Дооел е насочена кон заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци на корисниците кои пристапуваат кон официјалната веб страна www.accent.mk.
За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува.
При посета на интернет страната, Акцент Дооел ги обработува Вашите податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт) само доколку доброволно ги дадете со регистрирање на нашата интернет страна. При електронска наплата на сметки, Акцент Дооел нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурна врска.
Собирање на лични податоци
Личен податок е секој податок кој се однесува на поединец чиј идентитет е познат или може да се утврди. Вашите лични податоци ги собираме само кога доброволно ни давате такви информации, при пополнување на формата за контакт или регистрација.
Важно е да се истакне дека информациите и податоците кои не се лични можат автоматски да се приберат преку нашите интернет сервери или со користење на колачиња. За да се информирате за нашата политика за колачиња кликнете тука.
Ова се неколку примери за информации за Ваше користење/посета на веб страницата: Најпосетени и најгледани страници, време поминато на нашата веб страна, Вашата IP адреса, информации кои се прибираат преку колачињата, видови на пребарувачи и сл.
Обработка на податоците и за кои цели ги користиме?
Вашите податоци ги користиме за некоја од наведените цели:
- Заради персонализација на Вашето корисничко искуство (со прибирање на Вашите податоци може подобро да одговориме на Вашите индивидуални потреби);
- Заради подобрување на нашата веб страница, наша цел е постојано да работиме на подобрување на нашите понуди кои ќе бидат соодветни на Вашите барања и цели;
- Да се воспостави примарен канал за комуникација со Вас;
- За повремено праќање на е-пораки кои ќе Ве известат за новостите кои ги нудиме.
Поврзаност со трети страни
На нашата веб страница не нудиме и не даваме услуги од трети страни.
Употреба на колачиња
За да ја дознаете нашата политика за колачиња може да се информирате на следниов линк.
Заштита на податоци
Акцент ДООЕЛ ги презема сите пропишани законски, оперативни, технички и физички мерки за заштита на Вашите лични податоци, со цел да се спречи злоупотреба, загуба, уништување, неавторизирана промена или неавторизиран пристап до податоците со кои располага. Политиката за приватност на Акцент ДООЕЛ редовно се мониторира и повремено се ажурира. Доколку имате прашања во врска со оваа Политика и за сите прашања поврзани со вашите лични податоци кои се управуваат согласно оваа политика, ве молиме контактирајте не на: contact@accent.mk или директно во Акцент ДООЕЛ, Ул.Орце Николов 133 Д-3 Скопје.
Известување за повреда на личните податоци
Во случај на повреда на личните податоци, ќе бидете известени Вие и надлежен надзорен орган преку е-маил порака.
Ваша согласност
Со продолжување на пристапот и користењето на нашата веб страна се сложувате со оваа политика на приватност.
Измена на нашата политика за приватност
Во случај на измена на политиката за приватност ќе Ве известиме преку нашата веб страна.
Датум на ажурирање 08.10.2020
