Во последниов период, терминот е-фактура сè почесто се спомнува, но за многу фирми сè уште не е јасно што точно значи и што реално ќе се промени во секојдневното работење.
Овој текст има една цел: јасно да објасни што е е-фактура, зошто се воведува и кои компании ќе бидат засегнати. Да даде јасна слика, без комплицирани термини и без шпекулации.

Што е е-фактура?

 

Е-фактура во суштина значи дека издавањето, преносот и чувањето на фактурите се одвива електронски, во стандарден формат и во реално време, преку државна платформа. Нема хартиени фактури, нема физичко носење документи до сметководител, нема рачно препишување на податоци. Секоја фактура поминува низ централен канал, а податоците истовремено стануваат достапни за УЈП.
Е-фактурата е електронски документ кој ја заменува класичната хартиена фактура. Е-фактурата е електронска фактура со стандарден, структуриран формат, која:
• не е обичен PDF документ, тоа е документ со стандарден формат;
• не се испраќа само по меил, туку се разменува преку централен систем.

Со други зборови, е-фактурата е дел од поширок процес на дигитализација на деловните процеси, со цел:
• поголема точност;
• помалку грешки;
• подобра контрола;
• поедноставена администрација.

Зошто се воведува е-фактурата?

 

Воведувањето на е-фактурата не е изолиран чекор. Тоа е тренд што веќе со години постои во светот, Европа и регионот.
Целта не е да се комплицира работата на фирмите, туку:

  • да се намали сивата економија;

  • да се поедностави размената на документи;

  • да се зголеми транспарентноста;

  • да се скрати времето за обработка на фактури.

Е-фактурата не е тука за да го отежни работењето, туку постепено да го направи поедноставно и поуредено.

Кога започнува имплемантацијата на е-фактурата?

 

​ Имплементацијата на е-фактурата се очекува да оди постепено, во фази:
• подготвителен период;
• тестирање и прилагодување;
• постепено воведување во пракса.
​ Токму затоа овој период е најважен, не за паника, туку за информирање и подготовка.

Кој е вклучен во процесот?

Е-фактурата директно ги засега:
фирмите што издаваат и примаат фактури;
• сметководителите;
• софтверските системи што ги поддржуваат тие процеси.
​ Она што е сигурно е дека со текот на времето, сè поголем број компании ќе бидат опфатени. Затоа, дури и ако денес не сте директно засегнати, информирањето и подготовката се паметен чекор.

Каква промена е ова за фирмите?

Најголемата промена не е „издавањето фактура“, туку начинот на кој податоците се креираат и се движат.
​ За фирмите што веќе работат организирано ( користат софтверско решение), ова нема да биде драстична промена.
За оние што сè уште имаат рачни процеси, ќе биде сигнал за подобрување.
​ Најдобри резултати имаат фирмите коишто од самиот почеток:
• се консултираат со својот сметководител;
• ги анализираат постоечките процеси;
• и навреме планираат промени.

Доколку сакате навремено и мирно да се информирате што значи е-фактурата за вашето работење, разговарајте со нас и информирајте се што значи е-фактурата за вашиот бизнис.