Вообичаено, фактурата доаѓа од продавачот. Но, понекогаш има отстапки. Постојат ситуации каде што системот бара фактурата да ја креирате Вие.

Кога се зборува за фактурирање, повеќето компании имаат јасна претстава: продавачот издава фактура, купувачот ја прима.

Но, ова правило не важи секогаш.
Постојат ситуации каде што системот бара фактурата да ја издаде – купувачот.

Овој тип на документ се нарекува self-billed е-фактура (самофактурурање).

Што значи тоа во практиката?

Self-billed е-фактура е фактура којашто ја креира и поднесува купувачот, во име на добавувачот.
Ова не е исклучок туку дел од системот на дигитално и усогласено фактурирање.
Со други зборови, не станува збор за избор, туку за правило во одредени ситуации.

Кога се случува ова?

Иако на прв поглед звучи невообичаено, ваквите ситуации се почести отколку што изгледа:
• кога работите со странски добавувач;
• кога плаќате на физичко лице;
• кога има посредници, агенти или провизии;
• кога добавувачот нема обврска или можност да издаде е-фактура.

Во овие случаи, одговорноста за евиденција преминува кај вас.

Зошто постои овој модел?

Целта не е да се комплицира процесот – туку да се направи поконтролиран.

Self-billed е-фактурата овозможува:
• точна и усогласена евиденција;
• избегнување на разлики во податоците;
• целосна трага за ревизија;
• јасна слика за секоја трансакција.

Едноставно: системот не остава празнини.

Што значи ова за бизнисите?

Ова е моментот каде што е-фактурата престанува да биде „административна обврска“
и станува дел од начинот на управување со бизнисот.

Без соодветен систем:
• процесите стануваат рачни;
• ризикот од грешки се зголемува;
• следењето станува сложено.

Со систем:
• секој чекор е автоматизиран;
• податоците се синхронизирани;
• процесот е контролиран.

Е-фактурата не го менува само форматот на фактурата. Го менува начинот на којшто се создава, обработува и контролира. А во некои случаи го менува и прашањето, кој ја издава?

Добрата организација не започнува со алатка, туку со разбирање на процесите. А кога процесите ќе станат јасни, решението доаѓа природно.