Во последниов период, терминот е-фактура сè почесто се спомнува, но за многу фирми сè уште не е јасно што точно значи и што реално ќе се промени во секојдневното работење.
Овој текст има една цел: јасно да објасни што е е-фактура, зошто се воведува и кои компании ќе бидат засегнати. Да даде јасна слика, без комплицирани термини и без шпекулации.

Што е е-фактура?
Е-фактура во суштина значи дека издавањето, преносот и чувањето на фактурите се одвива електронски, во стандарден формат и во реално време, преку државна платформа. Нема хартиени фактури, нема физичко носење документи до сметководител, нема рачно препишување на податоци. Секоја фактура поминува низ централен канал, а податоците истовремено стануваат достапни за УЈП.
Е-фактурата е електронски документ кој ја заменува класичната хартиена фактура. Е-фактурата е електронска фактура со стандарден, структуриран формат, која:
– не е обичен PDF документ, тоа е документ со стандарден формат;
– не се испраќа само по меил, туку се разменува преку централен систем.
Со други зборови, е-фактурата е дел од поширок процес на дигитализација на деловните процеси, со цел:
– поголема точност;
– помалку грешки;
– подобра контрола;
– поедноставена администрација.
Зошто се воведува е-фактурата? Воведувањето на е-фактурата не е изолиран чекор. Тоа е тренд што веќе со години постои во светот, Европа и регионот.
Целта не е да се комплицира работата на фирмите, туку:
– да се намали сивата економија;
– да се поедностави размената на документи;
– да се зголеми транспарентноста;
– да се скрати времето за обработка на фактури.
Е-фактурата не е тука за да го отежни работењето, туку постепено да го направи поедноставно и поуредено.

Кога започнува имплемантацијата на е-фактурата?
Имплементацијата на е-фактурата се очекува да оди постепено, во фази:
– подготвителен период;
– тестирање и прилагодување;
– постепено воведување во пракса.
Токму затоа овој период е најважен, не за паника, туку за информирање и подготовка.

Кој е вклучен во процесот?
Е-фактурата директно ги засега:
– фирмите што издаваат и примаат фактури;
– сметководителите;
– софтверските системи што ги поддржуваат тие процеси.
Она што е сигурно е дека со текот на времето, сè поголем број компании ќе бидат опфатени. Затоа, дури и ако денес не сте директно засегнати, информирањето и подготовката се паметен чекор.
Каква промена е ова за фирмите?
Најголемата промена не е „издавањето фактура“, туку начинот на кој податоците се креираат и се движат.
За фирмите што веќе работат организирано ( користат софтверско решение), ова нема да биде драстична промена.
За оние што сè уште имаат рачни процеси – ќе биде сигнал за подобрување.
Најдобри резултати имаат фирмите коишто од самиот почеток:
– се консултираат со својот сметководител;
– ги анализираат постоечките процеси;
– и навреме планираат промени.
Доколку сакате навремено и мирно да се информирате што значи е-фактурата за вашето работење, разговарајте со нас и информирајте се што значи е-фактурата за вашиот бизнис.