Решението не е уште еден човек плус – туку еден систем што работи за сите
Кога производството расте, расте и хаосот.
Повеќе производи, повеќе добавувачи, повеќе суровини – и одеднаш, табелите стануваат пресложени.
Најчесто се случува едно од следниве:
не знаеш што е на лагер, а што се троши
некој направил грешка со пресметка на материјал
има доцнење во испорака, а не знаеш зошто
производството оди, ама ти немаш увид што се случува
Тоа не е поради неспособност – туку поради недостиг на систем што ќе поврзе сè.
Конкретната болка:
„Не знам со сигурност што точно е произведено, колку материјал имаме, и што ќе ни треба за следната серија.“
Ова е типична болка за средни производствени фирми кои имаат:
3+ производни линии
повеќе добавувачи
сеуште „рачно“ водење на залихи
зависност од еден човек за да каже „што има“
Како Collab го решава ова:
1. Прегледен систем за рецептури и норми.
Секој производ си има нормативи. Collab автоматски знае што и колку ти треба за производство и колку ти останува на залиха.
2. Залиха во реално време.
Нема претпоставки – точно знаеш што имаш, на кое место, и кога ќе снема.
3. Следење на потрошувачка по производ/нарачка.
Сè е поврзано: што е нарачано, што е потрошено, и што е испорачано.
4. Контрола врз доцнења и трошоци.
Ако нешто доцни – знаеш зошто. Ако нешто чини повеќе – знаеш од каде.
Заклучок:
Не чекај да „пукне“ нешто во производството за да воведеш ERP.
Решението не е уште еден човек плус – туку еден систем што работи за сите.
Collab не го усложнува производството.
Collab го прави прегледно.
