1.I ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа политика на приватност го уредува односот помеѓу ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ПРОМЕТ И УСЛУГИ АКЦЕНТ ДООЕЛ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ (во понатамошниот текст “АКЦЕНТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје”, “Контролорот”, “Компанијата” или “ние”) како Контролор и корисникот на веб страницата www.accent.com.mk (во понатамошниот текст “корисникот” или “Вие”) како субјект на субјект на лични податоци. Воедно, со оваа политика на приватност, ние ја исполнуваме нашата обврска за доставување на информации, предвидена во член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.
- Правото на приватност и заштита на личните податоци претставува наш приоритет и обврска. Секој посетител изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.
- Сите вработени во нашата компанија се обврзуваат да ги чуваат личните податоци и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивна обработка.
- Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци.
- Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:
- Видови на податоци кои ние ги собираме
- Како ги собираме личните податоци
- За кои цели Друштво за производство, промет и услуги АКЦЕНТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје ги користи податоците
-
Како ги чуваме и колку долго ги чуваме на личните податоци:
- Безбедност на податоците
- Рок на чување на личните податоци
- Пренос на лични податоци
- Маркетинг
- Социјални мрежи
- Приватност на трети страни
- Кои се Вашите права во врска заштитата на личните податоци
- Обработувачи на лични податоци
- Користење на веб форма за контакт
- Промена на политиката за приватност
- Како да го контактирате Друштво за производство, промет и услуги АКЦЕНТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје
- Како да ја контактирате Агенцијата за заштита на личните податоци
1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници — Лични податоци и Нелични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Лични податоци се податоци кои идентификуваат или можат да идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на нашата веб-страница, како на пример порачување производ или друга услуга од нас на мејл, Вие внесувате Ваши лични податоци. Во зависност од активноста податоците се задолжителни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. Кои видови на лични податоци ги собираме зависи од природата на Вашето барање, а меѓу другото, собираме: име и презиме, E-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон во формите поставени за контакт.
Ние ги користиме личните податоци исклучиво за целта за која ни ги давате, имено за реализација на самата нарачка и постапување по Вашите барања. Доколку добиеме Ваша дополнителна согласност, личните податоци можеме да ги искористиме за маркетинг и промотивни цели, за да го подобриме работењето на веб-страницата, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.
НЕЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Нелични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Ние, и/или нашите овластени трети странки – бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки.
2. КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Вие директно ни ги давате Вашите лични податоци преку пополнување на соодветни формулари на нашата веб-страница, односно ние обработуваме исклучиво лични податоци добиени од Вас, како субјект на лични податоци.
3. ЦЕЛИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство, Вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која Друштво за производство, промет и услуги АКЦЕНТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје ја има со вас.
- Промотивни е-маил пораки (Newsletter)
Доколку при регистрација имате дадено согласност да бидете известувани за сите новости, актуелности и промотивни активности, тогаш на Вашата е-маил адреса ќе добивате вакви известувања. Доколку не сакате да бидете дел од вакви известувања имате можност да кликнете Unsubscribe во мејл пораката. - Грижа на корисници
Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња.
Собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци се обработуваат со цел:
- постапување по Вашите барања;
- работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт;
- да Ви одговараме на Ваши барања и прашања;
- анализа и спроведување на истражувања;
- да комуницираме и Ве информираме за дополнителни работи;
- да Ви испраќаме известувања, актуелности и промотивни активности.
4. КАКО ГИ ЧУВАМЕ И КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
4.1. безбедноста на податоците
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни технички и организациски мерки со цел да се заштити безбедноста на лични податоци.
Вашата врска со нашиот сајт е безбедна, при што се користи TLS криптографски протокол и соодветен метод на енкрипција.
4.2 рок на чување на личните податоци
- Личните податоци од видео надзорот се чуваат 30 дена од снимањето видео запис во нашите трговски објекти.
- Апликација за вработување од кандидат заедно со пропратни документи се чува сѐ до избор на кандидат за вработување на тој конкурс.
- Личните податоци внесени со користење на “Формата за контакт” се чуваат 3 години од решавање на барањето.
- Документите од областа на работните односи, облигационите односи, финансиско и материјално работење се чуваат согласно роковите предвидени во соодветниот Закон.
- По истекот на роковите на чување на личните податоци, истите неповратно се уништуваат со безбедно електронско бришење, согласно политиката за начинот на бришење на документи.
5. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ПРОМЕТ И УСЛУГИ АКЦЕНТ ДООЕЛ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ не врши пренос на вашите лични податоци надвор од Р. С. Македонија.
6. МАРКЕТИНГ
ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ПРОМЕТ И УСЛУГИ АКЦЕНТ ДООЕЛ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ врши директен маркетинг, на начин што на корисниците кои дале согласност, им испраќа известувања за сите новости, актуелности и промотивни активности, на нивната е-маил адреса.
Во секое време можете да ни забраните да Ве конткатираме за цели на директен меркетинг, на начин што ќе ја повлечете согласноста за директен маркетинг преку пополнување на Образец за повлекување на согласност на субјектот на податоците, или пак преку опцијата Unsubscribe (одјава) во е-маил пораката.
7. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Со поврзувањето на Друштво за производство, промет и услуги АКЦЕНТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје преку можноста Месинџер чет вие се согласувате дека ни давате пермисии да вршиме интеракција со вас преку Вашиот профил на социјалната мрежа со цел да ви обезбедиме соодветна помош или совет за вашите прашања и/или дилеми.
8. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на нашиот сајт. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
9. ПРАВА ВО ВРСКА СО ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да добиете информации коишто се доставуваат при собирање на лични податоци
Ова право се остварува на начин што пред да се регистрирате сте упатени да ги прочитате и да се согласите со овие правила, во кои се наведени сите потребни информации согласно член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци. - право на пристап на субјектот на личните податоци
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса „ОРЦЕ НИКОЛОВ 133/Д3 “ Скопје, или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса contact@accent.mk или да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци Ана Герасимовска 3133-122 и на мејл ana.gerasimovska@accent.mk - право на исправка
Доколку сметате дека се неточни или нецелности Ваши лични податоци , за тие податоци во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да достави барање по пошта на адреса „ ОРЦЕ НИКОЛОВ 133/Д3 Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса contact@accent.mk. По ваквото барање ќе биде постапено во рок од 15 дена. - право на бришење („право да се биде заборавен“)
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса ОРЦЕ НИКОЛОВ 133/Д3 Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса contact@accent.mk. По ваквото барање ќе биде постапено во рок од 30 дена. - право на ограничување на обработката
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса ОРЦЕ НИКОЛОВ 133/Д3 Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса contact@accent.mk - право на преносливост на податоците
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса „ ОРЦЕ НИКОЛОВ 133/Д3 Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса contact@accent.mk - право на приговор
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против обработката на Вашите лични податоци, и тоа преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса ОРЦЕ НИКОЛОВ 133/Д3 Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса contact@accent.mk
Правото на приговор се однесува на обработка на личните податоци која е:- потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот,
- потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице
- за целите на директен маркетинг, вклучително и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг
- право да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против обработката на Вашите лични податоци, и тоа преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса ОРЦЕ НИКОЛОВ 133/Д3 Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса contact@accent.mk
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Ана Герасимовска на следниов e-mail: ana.gerasimovska@accent.mk.
Со цел полесен пристап до давањето и повлекувањето на Вашата согласност за обработка, во прилог се обрасци, и тоа:
- Образец 1: Образец за согласност на личните податоци
- Образец 2: Образец за повлекување на согласност нна субјектот на податоците.
10.ОБРАБОТУВАЧИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ПРОМЕТ И УСЛУГИ АКЦЕНТ ДООЕЛ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ не соработува со трети страни, при што во процесот на соработка, не е потребно да се пренесат одредени лични податоци до овие трети страни – обработувачи.
11.КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ ФОРМА ЗА КОНТАКТ
Со цел полесна комуникација со нас, на нашата веб страница постои веб форма за контакт, при што во формата е потребно да се внесат следните податоци: име и презиме, е-маил, наслов/прашање и порака. Со клик на полето “Испрати” Вашата порака се проследува до нас, при што добивате потврда за тоа. Доколку во пораката оставате дополнителни лични податоци се смета дека сте согласни со нивната обработка и одговарате за точноста на тие податоци.
12. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност редовно ќе се преоценува, а по потреба менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени. Оваа политика е донесена на 10.08.2021 година.
Промени во оваа политика се направени на:
13. КАКО ДА ГО КОНТАКТИРАТЕ ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ПРОМЕТ И УСЛУГИ АКЦЕНТ ДООЕЛ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ
За сите работи поврзани со Вашите лични податоци можете да нѐ контактирате на еден од следните начини:
- со пополнување на веб формата за контакт,
- да доставите писмено барање по пошта на адреса ОРЦЕ НИКОЛОВ 133/Д3 Скопје
- да доставите барање по електронска пошта на е-маил адресата contact@accent.mk
Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:
Ана Герасимовска, e-mail: ana.gerasimovska@accent.mk
14. КАКО ДА ЈА КОНТАКТИРАТЕ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Агенција за заштита на личните податоци
бул.„Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје,
тел:++ 389 (2)3230 635
Е-маил: info@privacy.mk
Web: https://dzlp.mk/
1. II ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА
Кога прв пат ќе пристапите на веб-страницата на Друштво за производство, промет и услуги АКЦЕНТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје ќе добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”.
- Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство.
- Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач.
- Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.
Нашата веб страница користи два вида на колачиња:
- колачиња што се потребни за услугата, (essential cookies) односно за веб страницата да функционира, и
- колачиња што не се потребни за услугата, (non essential cookies) при што овие колачиња се користат за:
- зачувување на Вашите поставки (preference & functionality cookies)
- статистички податоци (analytics & customization cookies),
- маркетинг цели (advertsing (targeting) cookies)
Колачиња што се потребни за услугата се задолжителни и се депонираат веднаш при посета на веб сајтот. За колачињата што не се потребни за услугата ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ПРОМЕТ И УСЛУГИ АКЦЕНТ ДООЕЛ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ обезбедува претходна согласност од корисникот откако ќе го извести, а пред да се депонира колачето. Корисникот има можност да даде согласност само за одреден вид на колачиња, при што доколку не даде согласност за одреден вид на колачиња, особено за колачињата за зачувување на Вашите поставки, одредени функционалности на нашата веб страница нема да функционираат.
Листа на колачиња
НЕОПХОДНИ
Неопходните колачиња се апсолутно есенцијални за сајтот да работи правилно. Овие колачиња овозможуваат основни функционалности и бебедносни карактеристики на сајтот, анонимно.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | Ова колаче е поставено од плагинот за согласност за колачиња на GDPR. Ова колаче се употребува за да се зачува согласноста на корисникот за колачињата во катергоирјата „Аналитика“. |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | Ова колаче е поставено од плагинот за согласност за колачиња на GDPR. Ова колаче се употребува за да се зачува согласноста на корисникот за колачињата во катергоирјата „Функционалности“. |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | Ова колаче е поставено од плагинот за согласност за колачиња на GDPR. Ова колаче се употребува за да се зачува согласноста на корисникот за колачињата во катергоирјата „Неопходни“. |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category “Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category “Performance”. |
PREF | 1 Year | Cookie is placed by: YouTube. The functionality is: to store and track visits across websites. The purpose is: Statistics. |
qtrans_front_language | Ова колаче ја зачувува состојбата за избраниот јазик на корисникот, за да го прикажува сајтот во избраниот јазик. | |
viewed_cookie_policy | 11 months | Ова колаче е поставено од плагинот за согласност за колачиња на GDPR и се употребува за да се зачува дали корисникот се има или не се има согласено на употребата на колачиња. Не зачувува никакви лични информации. |
VISITOR_INFO1_LIVE | 8 Months | VISITOR_INFO1_LIVE колаче е поставено од www.youtube.com. Ние го користиме режимот за подобрување на приватноста на YouTube за вградување видео на нашата страница, што значи дека YouTube нема да складира информации доколку не го пуштите видеото. Погледнете во Политиките и принципите за приватност на Google за повеќе информации. |
YSC | Expires when you close your browser | Колачето YSC е поставено од www.youtube.com. Ние го користиме режимот за подобрување на приватноста на YouTube за вградување видео на нашата страница, што значи дека YouTube нема да складира информации доколку не го пуштите видеото. Погледнете во Политиките и принципите за приватност на Google за повеќе информации. |
ФУНКЦИОНАЛНОСТ
Колачињата за функционалност помагаат да се подобрат одредени функционалности како споделување на содржината на сајтот на платформите за социјални медиуми, собирање повратни информации и други third-party карактеристики
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
csrftoken | Ова е колаче од трета страна и е поврзано со verify.safesigned.com. Како што е наведено, Стопанската комора на Македонија потврдува дека подолу наведената компанија ги исполнува критериумите за сертификација и е наградена со сертификат за дигитална веб -страница „Одлична МСП Македонија“. Основата за сертификација е кредитен извештај и редовен мониторинг од кредитната куќа за известување COFACE. |
АНАЛИТИКА
Колачињата за аналитика се употребуваат за да се разбере како посетителите вршат интеракција со страната. Овие колачиња помагаат да се овозможи информација за метрики како број на посетители, рата на одбивање, извор на сообраќај и слично.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
_ga | 730 Days | Ова колаче е поврзано со Google Universal Analytics – што е значителен апдејт на почесто користената услуга за аналитика на Google. Ова колаче се користи за да се разликуваат единствени корисници со доделување на случајно генериран број како идентификатор на клиент. Тоа е вклучено во секое барање страница на страница и се користи за пресметување на податоците за посетители, сесии и кампањи за аналитичките извештаи на страниците. Стандардно е поставено да истече по 2 години, иако ова е прилагодливо од сопствениците на сајтот. |
_gat | A few seconds | Ова колаче се користи за контролирање на стапката на посетеност. Ова се колачиња од трета страна што се поставени на вашиот уред за да ни овозможат да ја користиме услугата Google Analytics. Овие колачиња се користат за собирање информации за тоа како посетителите ја користат нашата веб -страница. |
_gid | 1 Day | Ова колаче е инсталирано од Google Analytics. Ова колаче се користи за да се зачува информацијата како посетителите го користат сајтот и помага во креирање на аналитички извештаи за искористеноста на сајтот. |
1P_JAR | 1 Month | Оваа група поставува единствен ИД за да ги запомни вашите преференции и други информации, како што се статистика на веб -страница и следење на стапките на конверзија. Политиките на Google може да се видат на https://policies.google.com/technologies/types |
РЕКЛАМИ
Колачињата за реклами се користат за да им овозможат на корисниците значајни реклами и маркетинг кампањи. Овие колачиња ги следат корисниците низ разни сајтови и собираат информации за да овозможат персонализирани реклами.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
_fbp | 3 Months | Ова колаче се користи за да се разликуваат и да води ред/трага за единствени корисници. Вредноста на _fbc се сетира/добива вредност само кога корисникот пристапува на сајтот од реклама, а URL то во дестинација го содржи идентификаторот fbclid. |
c_user | 30 Days | Колаче е поставено од Фејсбук. Функционалноста е да зачувате единствен кориснички ID со цел маркетинг/следење. |
datr | 2 years | Колаче е поставено од Фејсбук. Функционалноста е да обезбеди превенција од измами со цел маркетинг/следење. |
fr | 3 Months | Колачето е поставено од: Фејсбук. Функционалноста е да обезбеди испорака на реклами или повторно насочување со цел маркетинг/следење. |
sb | 2 Years | Колаче е поставено од Фејсбук. Функционалноста е да складирате детали за прелистувачот со цел маркетинг/следење. |
Xs | 3 months | Колаче е поставено од Фејсбук. Функционалноста е да складирате детали за прелистувачот со цел маркетинг/следење. |
Управување со колачињата
Повеќето интернет прелистувачи Ви дозволуваат да одбиете да прифатите колачиња и да избришете колачиња. Методите за тоа се разликуваат од прелистувач до прелистувач и од верзија до верзија. Сепак, можете да добиете ажурирани информации за блокирање и бришење колачиња преку овие линкови:
- https://support.google.com/chrome/answer/95647?hl=en (Chrome);
- https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences (Firefox);
- http://www.opera.com/help/tutorials/security/cookies/ (Opera);
- https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies (Internet Explorer);
- https://support.apple.com/kb/PH21411 (Safari); and
- https://privacy.microsoft.com/en-us/windows-10-microsoft-edge-and-privacy (Edge).
Блокирањето на сите колачиња ќе има негативно влијание врз функционалноста и употребливоста на нашата веб страница.
Офицер за заштита на личните податоци
За сите информации и прашања поврзани со заштитата на Вашите лични податоци, контактирајте го нашиот Офицер за заштита на личните податоци:
име и презиме: Ана Герасимовска
телефон на Офицер: 02 3133-122 лок 802