Систем администратори
			  
			
Акцент има потреба од систем администратори:
Во потрага сме по кандидати кои се одговорни, посветени на работата, спремни за нови предизвици и лесно прилагодливи. Доколку сакате да бидете дел од професионалниот тим на Акцент и ги исполнувaте следниве услови, испратeте ни го Вашето CV.
  
Потребни квалификации:
- Искуство со ИТ вештини од областа на системска и мрежна администрација
 - Познавања за ИТ системска организација, Возачка дозвола ‘Б’ категорија, Познавање на англиски јазик
 
Работни обврски на бараното работно место:
- Проектирање, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура;
 - Конфигурирање на мрежни уреди (router, switch, firewall, ips);
 - Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
 - Конфигурирање и администрирање на мрежна инфраструктура;
 - Администрирање на регуларни резервни копии (бекап);
 - Изготвување на техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација;
 - Следење на сигурност на мрежна инфраструктура и превенција од неовластен пристап;
 - Конфигурирање и администрирање на IP телефонија;
 - Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина (пр.KVM);
 - Конфигурирање и одржување на Linux OS (ќе се земе за предност);
 - Конфигурирање и одржување на MS Windows;
 - Администрирање на Domain Controller;
 
Ве молиме испратете го Вашето CV со пополнување на формата, со назнака за која позиција аплицирате.
  
  Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на тестирање.
  
Рок за пријавување: 20.06.2021
                                    